Почетна / Мода и убавина / Апостолки | Инспирација од Chanel

Апостолки | Инспирација од Chanel

Направи сам - Апостолки

Инспирацијата за овие модифицирани апостолки доаѓа од колекцијата пролет – лето 2016 на Chanel. Ова е многу едноставен направи сам проект совршен за лето и за на плажа.

Што ви е потребно:

  • апостолки
  • сатенска лента 3 см широка и 4-5 метри долга
  • 2 кристали за декорација или друг украс
  • силиконски пиштол
  • ножици

Направи сам - Апостолки

Чекор 1:

Одвиткајте ја сатенската лента и пресечете ја на пола за да добиете 2 парчиња лента од по 2 – 2.5 метри долга. Започнете од средината на лентата и превиткајте ја по ширина (1.5 см). На почетокот на апостолката ставете топол селиконски лепак и притиснете со лентата за да се залепи на средина.

Направи сам - Апостолки

Чекор 2:

Почнете да ја вртите лентата од едната страна околку ремчињата од апостолките и додавајте по малку топол лепак од селиконскиот пиштол за сето тоа добро да се залепи.

Чекор 3:

Кога ќе дојдете до крајот на ремчето внимавајте завршетокот да ви биде одоздола за да може покасно да се врзат лентите околу глуждовите. Ставете малку топол лепак за добро да се залепи лентата за крајниот дел од ремчето.

Направи сам - Апостолки

Остатоткот од должината на лентата оставете го.

Направи сам - Апостолки

Повторете ги чекорите 2 и 3 за другата страна на апостолката.

Чекор 4:

Ставете малку топол лепак со силиконскиот пиштол на местото каде сакате да ви биде кристалот или некој друг украс

Направи сам - Апостолки

Притиснете го кристалот на лепакот и оставете добро да се исуши.

Направи сам - Апостолки

Остатокот од лентите свиткајте го околу зглобовите со врзете машна.

Направи сам - Апостолки