Почетна / Дом и градина / Креативна идеја – Базен на платформа

Креативна идеја – Базен на платформа

Napravi sam - Bazen na platforma

Поставувањето на базен во вашиот двор дефинитивно претставува вистински избор за релаксација, уживање и многубројни дружења со семејството и пријателите во топлите летни денови. Дали и вие сонувате да имате сопствен базен во вашиот двор? Секако, градењето на еден базен може да биде многу скапо, но благодарение на НАПРАВИ САМ ентузијастите, сега е возможно да изградите ваш сопствен базен на платформа кој нема да ве кошта многу пари.

Потребни материјали:

  • монтажен базен
  • палети
  • алат

Најпрвин сместете го монтажниот базен на погодно место во дворот и поставете метални рамки околу базенот.

Napravi sam - Bazen na platforma

Потоа, започнете да ја градите платформата околу базенот. Оваа платформа од една страна ќе го заштити вашиот базен, а од друга страна ќе придонесе да ви биде лесно за качување на базенот и ќе имате погодно место за поставување на лежалка, чадор, маса… За да заштедите пари можете да користете обични дрвени палети.

Napravi sam - Bazen na platforma

Ова е финалниот изглед на базенот. На платформата изградете неколку скалички за лесно да може да се качите и да уживате во летните горештини бањајќи се и сунчајќи се во вашиот нов базен на платформа.

Napravi sam - Bazen na platforma

Napravi sam - Bazen na platforma