Почетна / Декорација / Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури

Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri

Нежна бебешка играчка за над кревет е одличен начин за занимавање на вашето новороденче додека лежи во неговото креветче. Денес ќе ви презентираме како можете сами да направите геметриска бебешка играчка за над кревет.

Потребни материјали:

  • неколку листови картонска хартија во боја
  • две стапчиња со должина од 20 см
  • силиконски пиштол
  • ножички
  • конец
  • машина за шиење

Потребни материјали | Potrebni materijali

Најпрвин, направете го држачот за играчката за над кревет. Двете стапчиња со големина од околу 20 см залепете ги како крст на средината.

Силиконски пиштол | Silikonski pistol

Исечете 10 триаголници, 10 кругови и 10 ромбови со димензии околу 2.5 сантиметри. За сите 3 форми (триаголник, круг, ромб) исечете по 5 од две различни бои на картонска хартија.

Спарете ги формите со ралична боја и распоредете ги во 5 колони. Секоја колона треба да има пар триаголници (во различна боја), пар кругови (во различна боја) и пар ромбови (во различна боја).

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri

Парот геометриски форми спојте ги како една и поминете ги со машината за шиење на средината, оставете простор од 4-5 см па сошијте ги наредните две (споени) геометриски фигури. Потоа продолжете и кон третата, оставајќи 4-5 см простор.

Машина за шиење | masina za sienje

На истиот начин сошијте ги и геометриските фигури од преостанатите 4 колони. На крај треба да добиете 5 ленти со споени геометриски фигури како на сликата.

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri

За да се осигурате дека геометриските фигури се три димензионални, внимателно одвојте ја половината на агол од 90°.

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri

Секоја од геометриските форми врзете ја на четирите страни од споените стапови, а последната врзете ја на средината.

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri

На крај останува само да ја поставите вашата креација врз креветчето или колебката на детето во бебешката соба и да му го подарите неговиот прв уникатен подарок направен со љубов и внимание од неговата мама или тато.

Направи сам - Бебешка играчка за над кревет со геометриски фигури | Napravi sam - Bebeski igracki za nad krevet so geometriski figuri