Почетна / Дом и градина / Бетонско столче

Бетонско столче

Направи сам - Бетонско столче | Napravi sam - Betonsko stolce DIY

Модерно и минималистичко столче можете да направите сами за помалку од 500 денари. Погледнете го видеото за да видите како.

Што ви е потребно:

  • кофа
  • бетон
  • вода
  • дрвен стап

Најпрвин исечете го стапот на три еднакви дела. Големината на девените стапови ќе зависи од тоа дали ќе сакате да направите високо шанк столче или пак ниско столче за маса.

Во една округла кофа измешајте го бетонот со вода и поставете ги трите стапа како тријаголник. Оставете најмалку 20 часа за бетонот добро да се зацврсти.

Извадете го столчето од кофата и истугајте го за да ги измазните рабовите. На крај можете половина од ногарките на столчето да ги брцнете во боја за да ги офарбате во боја која ви одговара на собата.