Почетна / Популарно / Бисквити за св.Валентин

Бисквити за св.Валентин

Направи сам Рецепт за Валентин - Украсени бисквити во срце за денот на зањубените | Napravi sam Recept za Valentin - Ukraseni biskviti vo forma na srce za denot na vljubenite

Спремате слатко изненадување за вашиот сакан? Во следниот видео рецепт ви даваме предлог како да направите украсени бисквити во форма на срце.

Што ви е потребно:

  • 500 гр брашно
  • 250 гр путер
  • 250 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 2 јајца

Инструкции:

  1. Во сад за матење додадете го путерот и матете со миксер;
  2. Додадете го шеќерот, кора од лимун и продолжете да матите;
  3. Изматете ги и јајцата во смесата;
  4. Додадете го и брашното на два пати и матете со миксер;
  5. Откако смесата ќе се соедини, земете го тестото, размесете го и оставете го во фрижидер да отстои 2 часа;
  6. Расукајте го тестото и со калапи во форма на срце направете срциња од бисквитите;
  7. Наредете ги на тава обложена со хартија за печење и печете 10-15 минути на 180 °C додека не заруменат;
  8. Забавувајте се со декорирање на бисквитите.