Почетна / Дом и градина / Цветен ѕид во бебешка соба

Цветен ѕид во бебешка соба

Направи сам - Цветен ѕид во бебешка соба | Napravi sam - Cveten zid vo bebeska soba

Ако очекувате нов член на семејството, најверојатно веќе го подготвувате бебешкото катче во вашиот дом. Во бебешката соба (без оглед на полот на бебето) обично преовладуваат светли и смирени бои кои ќе будат нежност и сигурност на новиот малечок, но многу голем член на семејството.

Важно е трезвено и совесно да пристапите кон уредување на неговото мало царство и да ја претворите собата на вашето новороденче во вистинска бајка.

Бебешкиот стилист Vanessa Antonelli во еден од своите проекти ја креираше оваа прекрасна бебешка соба во која клучен елемент е цветниот ѕид за кои биле потребни стотици свилени вештачки рози.

Направи сам - Цветен ѕид во бебешка соба | Napravi sam - Cveten zid vo bebeska soba

Направи сам - Цветен ѕид во бебешка соба | Napravi sam - Cveten zid vo bebeska soba

Направи сам - Цветен ѕид во бебешка соба | Napravi sam - Cveten zid vo bebeska soba

За да го направите цветниот ѕид кој е доста популарен и како позадина за фотосеија или прием на гости на свадба потребно ви е:

  • вештачки цвеќиња
  • силиконски лепак
  • стиропор

Цвеќињата можете едноставно да ги залепите една до друга со силиконски пиштол или пак можете да ставите табли сиропор низ целиот зид и потоа да ги лепите или да ги забодувате цвеќињата.