Почетна / Рецепти / Домашен Ајвар

Домашен Ајвар

Направи сам - Рецепт за правење домашен ајвар | Napravi sam - recept za pravenje na domasen ajvar

Сите се  согласуваме дека, домашниот ајвар е најдобар, особено кога рецептот доаѓа од перото на искусниот домаќин.

Зимницата за многу е незамислива без ајвар, а таа може да се направи само од пиперки или со додаток на патлиџан. Дознаваме најдобар рецепт за најдобар ајвар и може да се потврди дека навистина е одличен.

Обидете се да го подгответе и нема да зажалите.

Потребни состојки:

  • 30 кг црвени пиперки
  • 10 кг модар патлиџан
  • 3 тегли доматно пире (750 мл тегла)
  • 5-6 лажици сол
  • 2 л масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Пиперкитеги бришеме со крпа;
  2. Ги печеме пиперките;
  3. Пиперките ги оставаме во кеса да се спурат и омекнат.
  4. Ги лупиме и им ги чистиме семките;
  5. Модриот патлиџан го печеме во рерна – потоа го лупиме;
  6. Во машина за мелење месо ги мелеме пиперките и модриот патлиџан;
  7. Во голем сад за готвење, ги ставаме измелените пиперки и патлиџан, додаваме доматно пире и пржиме се додека пиперката не стане полу сува (околу час и половина). Притоа КОНСТАНТНО МЕШАМЕ.
  8. Накрај, постепено мешајќи ставаме масло за готвење и сол. Пржиме уште околу 15 минути, притоа внимавајќи да не исплива маслото на површина (Ако тоа се случи, само додадете пола чаша врела вода).
  9. Теглите ги загреваме во рерна околу 10 минути на 100 степени, а капачињата ги вриеме во вода и добро ги сушиме. Готовиот ајвар го префрламе во топлите тегли и го складираме.