Почетна / Мода и убавина / Домашен пилинг за намалување на целулитот

Домашен пилинг за намалување на целулитот

Направи сам - Природна паста за смалување на целулит

Целулитот претставува комбинација од вишок на масни наслаги во одредени региони на телото (секоја жена многу добро знае кои), недоволна дренажа (размена на течностите во ткивата) и слаба циркулација. Се карактеризира со дупчест изглед на кожата кој популарно се нарекува и „кора на портокал”.

Целулитот претставува пред сè естетки проблем и покрај тоа што животниот стил кој може да доведе до негово настанување, го засегнува општото здравје. Но, факт е дека жените сакаат да го намалат или отстранат затоа што изгледа лошо, а не заради здравје.

За да се заштитите од појава на целулит, а и за да го намалите веќе постоечкиот, треба да избегнувате да ја јадете следнава храна:

  • Брза храна, јаглехидрати и пржена храна
  • Алкохол и газирани пијалоци
  • Преработени десерти (колачи, вафли, барови, месени колачи и торти)
  • Преработено месо и сирење

Целулитот е еден од најголемите проблеми за жените, особено во текот на летните месеци кога треба да се оди на плажа и да се облече костим за капење. Но, не фрлајте пари на скапи хемикалии и препарати за намалување на целулитот кога може самите да направите исклучително ефикасна домашна паста за негово намалување па и комплетно исчезнување.

Потребни состојки:

  • талог од кафе
  • маслиново масло
  • цимет

Направи сам - Домашна маска со талог од кафе, маслиново масло и цимет за намалување на целулитот

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте една шоља од талог од кафе, маслиново масло и 1 лажица цимет. Ставете доволно масло како би добиле густа смеса;
  2. Нанесете ја смесата на нозете, грбот, рацете и колковите (местата каде имате целулит);
  3. Кога ќе се намачкате, замотајте се со најлонска фолија и смесата држете ја на телото колку што можете повеќе (минимум 1 час).
  4. Исплакнете со топла вода.

Направи сам - природна маска за одстранување на целулитот

Ефектите од овој пилинг од кафе, масло и цимет ќе ги почуствувате уште по првата недела! Слободно пишете ни ги вашите резултати од оваа домашна паста за намалување на целулитот во коментарите подолу.