Почетна / Трикови и совети / Кујна / Направете домот да ви мириса на Божиќ

Направете домот да ви мириса на Божиќ

Трикови и совети - Направете домот да ви мириса на Божиќ со DIY освежувач за воздух | Trikovi i soveti - Domot da vi mirisa na bozik so DIY osvezuvac za vozduh

Најубавиот период од годината се божиќните празници. Ја местиме елката, новогодишните украси и правиме разни направи сам проекти за да си го разубавиме домот. Но покрај тоа, за навистина да го осетиме божиќниот дух треба да ги вклучиме сите сетила – затоа денес ќе ви дадеме еден едноставен и брз рецепт како домот да ви мириса на Божиќ.

Тоа се всушност неколку состојки кои се ставаат во вода да се варат и испуштаат неверојатен мирис. Можете да искористите разни видови на состојки, но овие подолунаведените се веќе испробан рецепт. Состојките кои морате да ги имате за да ја добиете специфичната миризба на топол дом во зима се цимет, џумбир, портокал и ванила.

Верувајте ни, ако имате гости во овој период од годината ова е најдобриот начин тие да се почуствуваат добредојден, пријатно и топло. Секој кој ќе помине од кујната сигурно ќе застане и ќе каже: „Мириса толку добро тука, како Божиќ“.

Потребни состојки:

  • 300 гр. свежа брусница
  • 3 портокали исечени на половина
  • 3 стапчиња цимет
  • 2 парчиња ѕвезден анасон (опционално)
  • 1 кафено лажиче каранфилчиња
  • парче ѓумбир (околу 3 см)
  • екстракт од ванила
  • 1 гранка од свеж бор
  • 1 чаша сок од јаболка, портокал или боровница
  • вода

Трикови и совети - Направете домот да ви мириса на Божиќ со DIY освежувач за воздух | Trikovi i soveti - Domot da vi mirisa na bozik so DIY osvezuvac za vozduh

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во тенџере со средна големина. Тенџерето наполнете го со вода додека не достигне 3/4 од големината на тенџерето. Тенџерето заедно со состојките ставете го на шпорет да се вари на средна температура додека полека не почне да зоврива. Намалете ја температурата доколку е потребно за полека да врие водата со состојките.

Трикови и совети - Направете домот да ви мириса на Божиќ со DIY освежувач за воздух | Trikovi i soveti - Domot da vi mirisa na bozik so DIY osvezuvac za vozduh

Така состојките можете да ги вриете и повеќе од 5 часа. Потоа оставете да се олади, па другиот ден повторно ставете ги да вријат и да ја шират прекрасната миризба која потсетува на Божиќ и зима. Само не заборавајте одвреме – навреме да дополнувате вода за да не ви изгори.

Трикови и совети - Направете домот да ви мириса на Божиќ со DIY освежувач за воздух | Trikovi i soveti - Domot da vi mirisa na bozik so DIY osvezuvac za vozduh

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!!!