Почетна / Популарно / Нова година / Едноставни новогодишни колачиња | Видео

Едноставни новогодишни колачиња | Видео

Направи сам новогодишни рецепти - Едноставни колачиња за нова година | Napravi sam novogodisni recepti - Ednostavni kolacinja za nova godina

Потребни состојки:

  • 150 гр. брашно
  • 50 гр. путер
  • 1 јајце
  • 50 гр. шеќер
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 кеса прашок за пециво

Начин на подготовка:

На работната маса го истурате брашното и со рацете правите мала дупка каде го истурате путерот и јајцето. Одозгора рендате кора од еден лимон. Додека го месете тестото додавате една кесичка прашок за пециво.

Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 1 час. Расукајте го тестото и со калапи во разни форми направете мали колачиња.

Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 °C. Откако ќе се испечат може да започнете со декорирање.

Потребни состојки за декорација на колачињата:

  • 1 белка од јајце
  • кафена лажичка сок од лимон
  • 125 гр шеќер во прав
  • прехрамбена боја

Инструкции:

Во сад за матење ставете една белка од јајце и додадете сок од лимон. Мешајте со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав.

Смесата поделете ја еднакво во три различни садови. Во секој од нив додадете различна прехрамбена боја.

Почнете да ги декорирате колачињата. Сместата можете да ја ставите во специјални шшрицови, но можете и да ја ставите во најобична кеса за замрзнување и многу малку да го исечете врвот од кесата. Секако можете да си помагате и со чечкалица за заби за еднакво да ја распоредете бојата.

Среќни новогодишни и божиќни празници!!!