Почетна / Рецепти / Есенски колач со шумско овошје

Есенски колач со шумско овошје

Направи сам Рецепт - Есенски колач со шумско овошје | Napravi sam Recept - esenski kolac so sumsko ovosje

Пробајте да го направите овој вкусен есенски колач со шумско овошје – боровинки, капини и малини и нормално пишете ни како ви испаднал 🙂

Што ви е потребно:

  • 1 шолја шумско овошје (боровинки, малини и капини) – свежо или замрзнато
  • 3 јајца
  • 85 гр. брашно
  • 85 гр. путер
  • 120 гр. шеќер (за жолчките)
  • 50 гр. шеќер (за белките)
  • ванилин шеќер
  • 240 мл стоплено млеко
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките на јајцата;
  2. Измиксирајте ги жолчките со шеќерот додека не се стопи шекерот и додадете го стопениот путер. Додадете го брашното и ванилиниот шеќер. Добро измешајте со миксер;
  3. Во посебен сад изматете ги белките со малку сол додека не добиете цврста пена. Додадете 1 1/4 лажичка шеќер (25 гр.) и продолжете со мешање. По 30 секунди додадете уште 1 1/4 лажичка шеќер (25 гр) и мешајте уште една минута;
  4. Нежно додадете ги белките во садот со изматените жолчки и само малку промешајте. Целата смеса ставете ја во калап за печење и одозгора додадете го шумското овошје;
  5. Печете во загреана рерна 50 минути на 140°C;
  6. Пред да сервирате оставете да се олади и скадирајте го колачот во фрижидер.