Почетна / Декорација / Есенски сад од лисја

Есенски сад од лисја

направи сам - сад од лисја | Napravi sam - sad od lisja

Потребни материјали:

  • Есенски листови
  • Течно лепило (дрвофикс)
  • Четка
  • Балон
  • Ножици
  • Сад за мешање

Совет: Обидете се да најдете тенки листови кои полесно ќе се сушат.

Есенски лисја | esenski lisja

Инструкции:

Внимателно исечете ги дршките од листовите. Надувајте го балонот, врзете го да не излегува воздухот и поставете го во длабок сад за да не мрда додека работите.

направи сам - сад од лисја | Napravi sam - sad od lisja

Нанесете еден слој од лепилото врз балонот и почнете да ги редите листовите. Нанесете уште еден слој лепило одозгора и пополнете ги дупките со други листови.

направи сам - сад од лисја | Napravi sam - sad od lisja

Оставете добро да се исуши неколку часа и дупнете го балонот за да ја добиете формата на садот.

направи сам - сад од лисја | Napravi sam - sad od lisja