Почетна / Забава / Хартиени капи во форма на конус

Хартиени капи во форма на конус

Направи сам - Хартиени капи во форма на конус за забава, роденден или нова година

Хартиените конусни капи можете да ги правите за било каква забава – роденден, нова година, тематска забава…
Во овој туторијал ќе ви покажеме како да ја направите основата за конусната капа, а на вас останува понатака да ја декорирате по ваша желба. Секако дека сме тука да ви дадеме различни предлози и идеи како можете да направите интересни капи во форма на конус за вашите забави.

Потребни материјали:

  • картон или лист хартија
  • молив
  • ножици
  • лепило, селотејп или силиконски пиштол

Инструкции:

  1. Испринтајте го темплејтот на вашиот принтер кој можете да го симнете преку следниот линк тука. Доколку сакате да направите поголема капа искористете го темплејтот како водич како треба да ја исечете хартијата или картонот за да добиете конус;
  2. Исечете го листот/картонот по полните линии. Превиткајте го исечениот лист по испрекинатите линии и свртете го во круг;
  3. На крај, залепете го со селотејп или лепило.