Почетна / Дом и градина / Како да направите интересни направи сам проекти со јаже

Како да направите интересни направи сам проекти со јаже

Interesni napravi sam proekti so jaze

Јажето е производ кој постои многу одамна и кој во античко време многу се користел посебно во градежништвото и архитектурата. Постепено јажето ја губи својата намена и скоро воопшто не се користи во секојдневниот живот.

Грубата текстура и неутрален тон на јажето можете да ги искористите за креирање на интересни декорации во вашиот дом. За Направи сам проектите со јаже обично потребни ви се неколку работи кои воопшто не се скапи и не бараат посветување на премногу време во нивна изработка.

Уживајте во нашите предлози како да направите интересни декорации користејќи го јажето.

1. Невообичаени лустери направени од јаже

Модерниот внатрешен ентериер имплицира одреден степен на неконвенционалност и невообичаеност – секако дека овие интересни сијалици спаѓаат во оваа категорија.

Nevoobicaeni lusteri napraveni od jaze

2. Столна лампа преврзана со јаже

Не ги фрлајте старите предмети од домаќинството, рециклирајте ги и вратете ги во живот.

Stolna lampa prevrzana so jaze

3. Направете ограда за скали од јаже

Не ви е потребно дрвена или метална ограда за скалите кои ве водат на горниот спрат. Обидете се да ги направите со јаже.

Napravete ograda za skali so jaze

4. Висечки кревет со помош на јаже

Ќе заспивате како бебе секоја вечер доколку си направите ваков висечки кревет во вашата спална или детска соба.

Napravete visecki krevet so pomos na jaze

5. Висечки полици

Ако немате доволно простор на ѕидовите за да направите полици прицврстете ги полиците со јаже и закажете ги пред прозорецот. Тие се доволно проѕирни за да не ви до попречат видикот, а ќе изгледаат прекрасно и однатре и однадвор.

Visecki polici napraveni so jaze

6. Рамка за огледало направена од јаже

Рамката на огледалото се многу важни и можат драстично да го променат целиот декор – доколку направите рамка за огледало од јаже.

Ramka za ogledalo napravena od jaze

7. Корпи направени со јаже

Корпите направени од јаже се прават доста едноставно, а можете да ги користите за повеќе намени. Јажето можете да го обвиткате со конец во боја за да добиете шарена корпичка.

Korpi napraveni od jaze

8. Направете си торба од јаже за на пазар

Ваквата торба е совршена за неделните пазарувања во најблиското зелено пазарче.

Napravete si torba od jaze za na pazar