Почетна / Дом и градина / Како да ја офарбате предната врата од вашиот дом

Како да ја офарбате предната врата од вашиот дом

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom

Од време навреме на секој дом му е потребно малку освежување и нови бои кои значително ќе го променат просторот и монотонијата која ја создава. Но, за секое мало реновирање нема потреба да викате мајстор, едноставно одете во најблиската продавница за бои и лакови, одберете боја и почнете да фарбате.

Во овој пост ќе ви дадеме основни насоки како ја офарбате предната врата и кои подготовки треба да ги направите пред да започнете со фарбање за да го освежите и да го промените првиот впечаток на вашиот дом.

Што ви е потребно:

  • машина за шмирглање
  • шмиргла
  • крпа
  • импрегнациски премаз
  • акрилна или латекс боја за дрво
  • четка за фарбање
  • валјак за фарбање

Чекор 1: Одберете боја

Одбирањето нова боја за вашата предна врата секако не е лесен избор без оглед дали ќе се одлучите за неутрална и нежна нијанса или ќе одберете високо контрастна боја. Можете да земете хартиен примерок од нијансите и да ги залепите за вратата, така полесно ќе се одлучите која боја повеќе ви се допаѓа. Боите ќе изгледаат доста различно кога ги гледате надвор отколку во продавница или во вашиот дом.

Земете ги во предвид бојата на фасадата и окружувањето. Во нашиот случај, зелената боја на цвеќињата и тревникот кои го окружуваат влезот како и кровот и фасадата послужија како инспирација да ја одбереме нијансата на зелена боја.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - Odberete boja

Чекор 2: Припремете ја вратата

Многу е полесно и попрофесионално ако се потрудите да ги отстраните кваките на вратата. Можете да ги залепите одоколу и да офарбате околу нив, но тоа не е најдобар пристап. Ако размислувате за нов декоративен оков сега е времето да го земете.

Со машината за шмирглање добро ишмирглајте ја вратата и потоа со обична шмиргла рачно ишмирглајте ги деловите кои не можат добро да се дофатат со машината. Со сува крпа добро избришете ја површината на целата врата за да ја отстраните прашината.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - pripremete ja vratata

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - pripremete ja vratata

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - pripremete ja vratata

Чекор 3: Нанесете импегнациски премаз

Во зависност од бојата која сакате да ја добиете не е лошо да нанесете премаз од импегнациска бела боја која ќе служи како дополнителна заштита на дрвото, а понатака ќе ви бидат потребни помалку кантички боја.

Откако премазот ќе се исуши со шмирглата нежно поминете низ површината на вратата за да ги израмните евентуалните нерамнини пред финалното бојадисување. Со сувата крпа повторно избришете ја вратата од прашина.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - nanesete impegnaciski premaz

Чекор 4: Бојадисајте ги краевите и деталите

Најпрвин земете четка за фарбање и почнете да ги фарбате ивиците и деталите на вратата.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - bojadisajte gi kraevite i detalite

Чекор 5: Фарбање со валјаче на рамни површини

Со мало валјаче офарбајте ја целата врата за да добиете мазна и конзистентна боја на рамните површини од вратата.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - farbanje so valjace

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - farbanje so valjace

Чекор 6: Со четка рачно поминете

Валјаците се идеални за фарбање бидејќи не оставаат дамки на површината. Но за да постигнете навистина убав финиш на новата врата, користете четка и нежно поминете врз сеуште влажната боја за да ги израмните дамките направени од валјакот и да добиете рачно – боена текстура.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - racno farbanje so cetka

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom - racno farbanje so cetka

Чекор 7: Повторно ставете го декоративниот оков

Откако вратата сте ја оставиле еден ден добро да сте исуши, можете повторно да ги ставите кваките и останатиот декоративен оков кој го извадивте за време на фарбањето.

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom

Kako da ja ofarbate prednata vrata od vasiot dom