Почетна / Дом и градина / Како да мешате малтер

Како да мешате малтер

napravi sam - Kako da mesate malter za napravi sam proekti

Малетерот е еден од најстарите градежни материјали кои наоѓаат многу широка примена во градежништвото. Тој се употребува за ѕидање, малтерисување, изработка на подлоги и кошулки за подови, како спојно средство при обложување на ѕидовите и подовите со керамички плочки и слично.

Со само неколку трикови малтерот можете да го обликувате и со него да правите најразлични направи сам проекти. Но за да го направите тоа, треба да знаете како со мешање на цемент, вода и ситен песок да добиете малтер.

Кога се работи за големи површини кои треба да се измалтерисаат градежниците користат специјализирани машини за правење малтер, но за помали површини можете малтерот да го мешате рачно.

Потребни материјали за правење малтер:

  • сув малтер (смеса од цемент и ситен песок)
  • вода
  • место за мешање
  • гребло

Инструкции како да мешате малтер:

Во вреќата сув цемент која ќе ја купите треба да пишува со колкава количина на вода треба да ја измешате. Измерете го потребното количество вода и истурете ја во садот за мешање. Потоа истурете ¾ од сувиот малтер од едната страна на садот за мешање.

Со греблото земете мали делчиња од сувиот малтер и туркајте ги на другата страна од садот. Постапката повторувајте ја додека не го измешате целиот малтер. Потоа истурете го преостанатиот сув малтер од вреќата и повторете ја постапката додека не добиете хомогена смеса.

Вака направената смеса можете да ја користите во вашите направи сам проекти.