Почетна / Дом и градина / Како да направите ѕид со соѕвездие или зодијачки знак

Како да направите ѕид со соѕвездие или зодијачки знак

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Одберете го вашето омилено соѕвездие или зодијачки знак и претворете го во модерна уметност. Ова ниско буџетно уметничко дело исто така служи како декоративно амбиентално осветлување.

Што ви е потребно од алати и материјали:

  • бормашина
  • чекан
  • шајки
  • пила
  • иверица со големина 1 x 2 метри за основата
  • дрвена даски со димензии 2,5 см висина 5 см ширина и 6 метри должина
  • продолжен кабел 25 см
  • црна боја и четка за основата и бела боја за соѕвездието
  • 100 бели ЛЕД светилки

Чекор 1: Мери, сечи заковај

Исечете ја даската со должина од 6 метри на четири делови од кои две даски треба да ви бидат со должина од 1 метар, а две даски треба да бидат со должина од 2 метра. При сечењето краевите треба да ги пресечете под агол од 45 степени. Откако даските добро ќе ги исечете шајките заковајте ги за иверицата со големина 1 x 2 метри. Треба да добиете иверица со димензии 1 на 2 метри со рамка.

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Чекор 2: Бојадисување

Основата и рамката бојадисајте ги со црна боја. Користете крпа за да нанесете еднаква боја на иверицата и оставете ја неколку часа добро да се исуши.

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Чекор 3: Нацртајте го соѕвездието и направете дупки

Со мала четка и бела боја нацртајте ги вашите омилени соѕвездија или зодијачки знаци на црната иверица.

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Со бормашината направете дупки директно на нацртаните точки (ѕвезди)

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Чекор 4: Избришете и нанесете полиуретан

Добро избришете ја површината на иверицата од струготините и нанесете еден слој полиуретан.

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Чекор 5: Осветлување

Иверицата свртете ја од другата страна и протнете го секое од ЛЕД светилките низ претходно направените дупки на соѕвездијата. Со селотејп залепете ги краевите на светилките од задната страна за да ги прицврстите и закачете го направеното уметничко дело на ѕид. На крај, сијаличките вклучете ги во штекер.

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

napravi sam - Kako da napravite zid so sodzvezdie ili zodijacki znak

Уживајте во вашиот труд и направените соѕвездија или зодијачки знаци во вашиот дом.