Почетна / Дом и градина / Како до совршен под од палети за вашиот двор

Како до совршен под од палети за вашиот двор

Pod od paleti

За да имате во дворот пријатно место каде што ќе можете да се опуштите дозволете ни да ви представиме едно идејно решение кое што може да си го дозволи секој.

Потребни материјали за изработка на подот од палети:

  • палети со димензии 1.20 м на 1.20 м кои треба да бидат доволно цврсти и да издржуваат тежина од 1.000 до 1.200кг.;
  • бетонски блокчиња 20 см x 20 см x 15 см;
  • боја или лак за дрво (подобра опција ви е лакот за дрво бидејки бојата брзо се оштетува);
  • крупен песок (камчиња) за висината и цврстината на подлогата ако го правите на земја.

Pod od paleti

Бројот на палетите ке го определите според тоа колку сакате да биде голем подот.

Pod od paleti

Пред да почнете со стругање проверете ги палетите да не има некоја шајка или нешто слично и истото да го одстраните.

Откако ке ги истругате палетите почнете со нанесување на лакот/бојата.

Pod od paleti

Додека палетите се сушат ќе почнете со подготвување на местото каде што ќе ги поставите палетите.

Pod od paleti

  • расчистете го местото каде што ќе го поставите подот;
  • измерете го местото каде што ќе биде подот и поставете ги бетонските блокови така што краевите на палетите ќе бидат поставени на бетонските блокови;
  • пред да ги поставите бетонските блокови ископајте дупки најмалку два пати поголеми од висината на блоковите и пополнете ги со крупниот песок онолку колку што сакате да биде подот подигнат од земја.
  • поставете ги блоковите во дупките и одкако ќе ја добите посакуваната висина пополнете ги празнините со ситна песок и убаво истапкајте.

Pod od paleti

На крај, поставете ги палетите на својте места, но погрижете се секое ќоше да лежи на бетонските блокови. Откако ќе го направите сето тоа оставете да поминат 24 часа без да додавате тежина на подот.

Pod od paleti

Уживајте.