Почетна / Забава / Kапи за забава со конфети

Kапи за забава со конфети

Направи сам - Капи за роденденска забава со конфети

Роденденските капи се дел од детските роденденски забави. Можете да ги направите со некаква интересна хартија во боја или слика од омилениот јунак на вашето дете или пак можете да ги направите со конфети, цвеќиња и слично…Се зависи од темата на роденденот и возраста на детето. Секако дека роденденските капи не се само за деца, туку без оглед на возраста, буквално сите може да си направиме вакви славенички капи за нашите родендени!

Потребни материјали:

  • хартиена капа во форма на конус (овие капи можете и сами да ги направите или да ги купите готови па дополнително да ги декорирате)
  • лепило
  • четка за боење
  • конфети

Napravi sam - Kapi za zabava so konfeti

Инструкции:

  1. Склопете ја капата. Доколку немате набавено готови капи истите можете сами да ги направите следејќи ги интерукциите на постот „Хартиени капи во форма на конус“;
  2. Обојте го со лепило горниот дел на капата или на местата каде сакате да ги залепите конфетите;
  3. Извајкајте ја капата во садот претходно наполнето со конфети. За да видите како можете најлесно да направите конфети прочитајте го постот „Kако да направите конфети
  4. Истресете ја капата од вишокот конфети и оставете да седи еден ден за конфетите добро да се залепат на роденденската капа
  5. Добра забава!!!

Направи сам - Капи за роденденска забава со конфети