Почетна / Трикови и совети / Здравје и фитнес / Кето диета: Нов и ефикасен начин за слабеење

Кето диета: Нов и ефикасен начин за слабеење

Кето диета за слабеење | Keto dieta za slabeenje

Кето диетата се базира на екстремно ограничување на јаглехидратите , а зголемен внес на маснотии. Тоа значи, во секојдневната прехрана да се внесува околу 75 отсто маснотии, 20 отсто протеини и пет отсто јаглехидрати. На овој начин доаѓа до забрзано губење на килограмите.

Кето калкулатор на макрос | Keto kalkulator na makros

За нашето тело да генерира енергија потребно му е “гориво”, а тоа гориво го користи од јаглехидратите. Тие во телото се разложуваат на прости шеќери од кои најважна улога има глукозата. Таа е наједноставниот и најдостапен извор на енергија. Кога не внесувате доволно јаглехидрати во телото, тоа почнува да бара некој друг извор на енергија за да ги задоволи своите потреби. При недостаток на глукоза, телото започнува да ги согорува мастите и нив да ги користи како “гориво”. Кога ќе го доведете телото во таа состојба, вие всушност се наоѓате во состојба позната како кетоза. А тоа е и моментот кога започнува и процесот на слабеење!

Кои се придобивките од Кето диетата?

  • Намалување на тежината,
  • Контролирање на шеќерот во крвта,
  • Зголемување на фокусот,
  • Зголемување на енергијата,
  • Контролирање на апетитот,
  • Намалување на лошиот холестерол и крвен притисок,
  • Чистење на кожата од акни.

Кои се негативните страни од Кето диетата?

  • Проблеми со црниот дроб – со зголемување на мастите се става и поголем пристисок на зголемување на црниот дроб
  • Проблеми со бубрезите – слично како и за црниот дроб, бубрезите можат да бидат преоптеретени
  • Констипација
  • Збунетост и вртоглавица
  • Кето грип кој трае неколку дена од почетокот на диетата

Доколку ве интересира нешто повеќе околку кето диетата причитајте ги следните статии:

КЕТО ГРИП

КЕТО калкулатор за броење калории и макрос (јагленохидрати, протеини и масти)

Што смеам да јадам кога сум на КЕТО диета?

Познати личности кои се на КЕТО и искуства со КЕТО диетата

Напомена: Пред да започнете со КЕТО диетата, консултирајте се со стручно лице.