Кето грип

Кето грип | Keto grip

Во претходниот пост споменавме што е КЕТО диета и кои се придобивките и негативните страни.

Влагодарение на модерната исхрана на 21-виот век која изобилува со многу јаглехидрати и прости шеќери во првите неколку денови при започнување на кетогена исхрана телото се соочува со голема промена која воопшто не е пријатна.

Првите симптоми на кетоза се: главоболка, слабост и умор, жед, метален вкус во устата, мачнини и болки во стомакот. Но, тоа е знак дека вашето тело започнува да реагира на новиот начин на исхрана. Оваа состојба експертите ја нарекуваат КЕТО ГРИП кој поминува за неколку денакога телото ќе се прилагоди на состојбата. Секако не мора да значи дека сите оние кои ќе ја започнат диетата ќе фатат „кето грип“, но оние кои размислуваат да преминат на ваков начин на исхрана треба да бидат свесни за оваа негативна страна.

Симтомите може да се намалат со пиење на витамини, минерали и многу течности.

Освен симптомите коишто се главен индикатор за тоа дали влегувате во кетоза, постојат и други знаци кои може да ви укажат на тоа дали сте влезени во кетоза или не:

  • мерење на кетоните во урината
  • мерење на кетоните во крвта
  • забрзано намалување на телесната тежина поради трошењето на гликозата и топење на мастите
  • несоница
  • лош здив
  • губење на сила вод оснос на вежбање
  • немање апетит

Доколку ве интересира нешто повеќе околку кето диетата причитајте ги следните статии:

КЕТО калкулатор за броење калории и макрос (јагленохидрати, протеини и масти)

Што смеам да јадам кога сум на КЕТО диета?

Познати личности кои се на КЕТО и искуства со КЕТО диетата

Напомена: Пред да започнете со КЕТО диетата, консултирајте се со стручно лице.