Почетна / Мода и убавина / Кратки панталончиња со чипка

Кратки панталончиња со чипка

Направи сам - Кратки панталончиња со чипка | Napravi sam - Kratki pantaloncinja so cipka

Старите фармерки (посебно оние ѕвонарки кои се носеа на времето) исечете ги во кратки панталони и дополнително модифицирајте ги во овие модерни и шик кратки панталончиња.

Потребни материјали:

  • фармерки
  • ножици
  • шпенагли
  • машина за шиење
  • конец во боја на фармерките или чипката
  • чипка

Потребни материјали - фармерки, шпенагла, ножици, чипка | Potrebni materijali - farmerki, spenagla, nozici, cipka

Инструкции:

Облечете ги фармерките на себе и со шпенагли одбележете ја должината до каде сакате да ги исечете. Откако ќе ги одбележете, соблечете ги и исечете ги со ножици (внимавајте да исечете права линија 🙂 ).

Исечени фармерки во кратки панталони | Iseceni farmerki vo kratki pantaloni

СОВЕТ: Задната страна на панталоните треба да ви биде за нијанса подолга отколку предната страна страна.

Облечете ги повторно панталончињата и видете дали сте задоволни со резултатите. Доколу е потребно коригирајте.

Исечени фармерки во кратки панталони | Iseceni farmerki vo kratki pantaloni

Повторно соблечете ги панталончињата и испружете ги на рамна површина. Чипката поставете ја малку над исечените рабови на панталоните и обезбедете со шпенагла. Откако ќе ја обвиткате чипката на целата ногавица исечете го вишокот и постапката повторете ја и на другата ногавица.

Направи сам - Кратки панталончиња со чипка | Napravi sam - Kratki pantaloncinja so cipka

Со машина за шиење сошијте ја чипката за кратките панталончиња и готови сте! Сега можете да искочите надвор во вашите нови кратки панталончиња со чипка и да се пофалите на сите другарки 🙂

Направи сам - Кратки панталончиња со чипка | Napravi sam - Kratki pantaloncinja so cipka