Почетна / Декорација / Креативни декорации во форма на лубеница

Креативни декорации во форма на лубеница

Направи сам - Креативни декорации во форма на лубеница

За многу луѓе лубеницата е најомиленото овошје (зеленчук :)) бидејќи таа е освежителна и едноставно совршена за топлите летни денови. Инспиратвно поттикнати од лубеницата денес ќе ви презентираме неколку навистина интересни декорации во форма на лубеница кои можете да ги направите веднаш.

Овие декорации се едноставни и нема да ви одземаат многу од вашето драгоцено време. Потребно ви е боја во бојата на лубеницата (црвена, зелена, црна и бела) и едноставно обојте подметачи за чаши, тегли, чинии, саксии… Можете и да земете една цела лубеница, да го исечете дорниот дел и да ја испразните. Потоа да ја наполните со свежи цвеќиња обрани во вашата градина. Неверојатно нели?