Почетна / Дом и градина / Направи сам кревет за вашето милиниче

Направи сам кревет за вашето милиниче

krevet-za-milenice-od-star-dzemper-1

Доколку сакате вашето домашно милениче да има вакво удобно креветче за спиење следете ги упатствата во постот бидејќи ние ќе ви покажеме како можете да си го направите сами.

Потребни материјали:

  • џемпер
  • перница
  • материјал за полнење
  • игла и конец (подебели)
  • ножици
  • шпенагли

Инструкции:

Свртете го џемперот наопаку и сошијте го околувратникот со игла и конец или на машина за шиење. Превртете го повторно на предната страна и постелете го рамно на работната површина. Со шпенагли одбележете права линија од работ на џемперот на едното рамо до работ на џемперот на другото рамо. Со игла и конец сошијте по одбележаната линија

krevet-za-milenice-od-star-dzemper-3

Ракавите од џемперот спојте ги до телото на џемперот и сошијте ги рабовите со игла и конец. Отворите на ракавите оставете ги не сошиени и во нив протнете го материјалот за полнење низ целата должина до другиот отвор на ракавот.

krevet-za-milenice-od-star-dzemper-4

Во телото на џемперот ставете перница и сошијте го отворот со игла и конец или со машина за шиење.

krevet-za-milenice-od-star-dzemper-5

На крај, спојте ги ракавите и сопијте ги еден за друг. Одозгора сошијте парче материјал за да ги прикриете ракавите.

krevet-za-milenice-od-star-dzemper-6

Новото креветче за вашето милениче е готово! Мора да признаете дека правењето на ова креветче е доста едноставно и не ви се потребни големи вештини (освен аматерско рачно шиење) ниту пак скапи материјали.

Споделете ги со нас вашите коментари и слики од направеното креветче за милениче или останатите направи сам проекти за миленици кои произлегле од вашата вештина и креативност во коментарите подолу или на инстаграм користејќи го хаштагот #НаправиСам.