Почетна / Декорација / Кутија спомени од новородено бебе

Кутија спомени од новородено бебе

Направи Сам - кутија спомени од новородено бебе | Kutija spomeni od novorodeno bebe

Спомените секогаш ни будат убави чувства. Тоа е нешто што оставило траг на нас и се сеќаваме вечно. Спомен може да ни побуди некој предмет и затоа ги чуваме овие предмети со големо внимание. Во овој пост ќе ви дадеме идеја како можете да ги сочувате спомените од вашето новородено бебе во кутија/рамка која можете да ја чувате на видно место во вашиот дом бидејќи изгледа навистина интересно и секојдневно ќе ви буди пријатни чуства.

Што ви е потребно:

  • Кутија со стакло или подебела рамка за слика;
  • Украсен картон како позадина;
  • Силиконски пиштол;
  • Спомени – слики од вашето бебе, фамилијарна фотографија, слика од ултразвук, првата облека, алката од болница, прамен косичка…
  • Декорации – вештачко цвеќе, самолепливи букви и останати ситни декорации;

Инструкции:

Со силиконскиот пиштол залепете ги предметите врз украсен картон. Залепете ги и ситните декорации помеѓу празните места на картонот. Картонот ставете го во рамката за слика или кутијата со стакло однаред.