Почетна / Дом и градина / Мала домашна градина | Идеално за мали станчиња

Мала домашна градина | Идеално за мали станчиња

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

Луѓето кои живеат во мали станчиња знаат колкав проблем е просторот и прават секакви комбинации за максимално да го искористат. Често пати се случува тие да немаат место за некое поголемо саксиско цвеќе. Затоа овој направи сам проект е идеален доколку живеете во мал стан и ви недостига природа и зеленило.

Што ви е потребно:

  • двоспратна корпа за овошје
  • материјали во различни форми и бои
  • разни видови на кактуси и сукуленти
  • земја
  • мов и шпански мов

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

Инструкции:

Парчињата материјал исечете ги на ленти и протнете ги низ решетките од корпата за овошје. Краевите врзете ги во јазол. Истото направете го на двата спрата од корпата за овошје. Користете материјали во бои кои највеќе ви одговараат на домашниот амбиент.

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

Врз материјалот ставете го шпанскиот мов, кактусите и сукулентите. Долниот дел од садот исполнете го со шпанскиот мов, па потоа почнете да ги редите кактусите почнувајќи од поголемите кон помалите. Празнините исполнете ги со земја и зелен мов како декорација.

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

napravi sam - mala domasna gradina koja e idealna za mali stanovi

Се надеваме дека ви се допадна овој направи сам проект – Мала домашна градина и дека ќе се обидете да го направите. Споделете ги сликите од вашите направи сам проекти во коментарите подолу или на инстаграм користејќи го хаштагот #НаправиСам.