Супер брза и вкусна закуска за вашите најмили и одлична идеја за подготовка на храна за коктел забава.
Потребни состојки:
- тортиљи
- доматен сос
- кашкавал
- сувомеснато по желба
Начин на подготовка:
- Потребна ви е некоја чаша или калап во форма на круг со големина колку отворот на тавата за мафини;
- Исечете кругови од тортиљата и ставете ги во отворите на тавата за мафини. Добро притиснете;
- Ставете сос од доматно пире врз секое тесто;
- Одозгора распрскајте рендан кашкавал;
- Врз кашкавалот ставете сецкано сувомеснато по желба;
- Ставете го да се пече во загреана рерна додека да се стопи кашкавалот.
Добар апетит!!!