Ова е идеална летна декорација бидејќи содржи елементи на лето, море и плажа. Секако кога ќе идете на одмор не заборавајте да соберете неколку школки и песок кој ќе ви биде потребно за да го направите овој направи сам проект.
Потребни материјали:
- школки
- песок
- свеќички
- тегла
- мрежа
- коноп
Инструкции:
Обвиткајте ги теглите со мрежа и горниот дел на теглата (каде се завртува капачето) цврсто обвиткајте го со коноп. Во теглата ставете од песокот кој сте го собрале од плажа, наредете неколку школки и ставете мала свеќичка.