Почетна / Дом и градина / Направете еден поинаков модерен лустер

Направете еден поинаков модерен лустер

Luster napraven od kanta za otpadoci

Креативноста  е нешто што не може да се потроши, затоа немојте да ја штедите бидејќи колку повеќе ја користиме толку повеќе создаваме простор за нови идеи. Стари компакт дисккови, тенџериња, тегли, конзерви, пластични шишиња и многу други работи претставуваат материјал за инспирација од кој што можеме да го извлечеме најдоброто само со малку труд.

Погледнете како да ја претворите вашата стара корпа за орпадоци во еден прекрасен и модерен лустер.

Материјал за изработка

  • корпа за хартиен отпадок
  • кабел со круша за сијалица
  • ножици за жица
  • спреј за фарбање
  • маркер

Начин на изработка

Со навртката од крушата за сијалицата на долната страна од корпата обележете со маркер каде треба да сечете.

Luster napraven od kanta za otpadoci

Потoа со ножиците за жица пресечете го обележаното место.

Luster napraven od kanta za otpadoci

Провлечете го кабелот од внатрешната страна на корпата и погрижете се грлото на крушата да биде убаво фиксирано.

Luster napraven od kanta za otpadoci

Со спрејот обојте ја корпата во вашата омилена боја.

Luster napraven od kanta za otpadoci

Luster napraven od kanta za otpadoci

На крај поставете го лустерот на посакуваното место

Luster napraven od kanta za otpadoci