Почетна / Забава / Направете играчка за деца | коњче

Направете играчка за деца | коњче

Napravete igracka za deca - kojnce

Направете сами играчка за вашето дете – коњче и оставете го да се забавува. Направете патека за тркање и пуштете го детето да јава. 

Што ви е потребно:

  • дрвен стап
  • шарен чорап (големина како за возрасен маж)
  • 2 големи бели копчиња за очите
  • 2 мали црни копчиња за очите
  • памук, сунѓер или друг материјал за полнење плишени играчки или перници
  • волна за плетење што е можно подебела за гривата
  • дебела врвка од патики за уздата
  • тенко кафено јаже
  • кафен материјал за ушите
  • конец во боја како чорапот
  • игла
  • ножички
  • селотејп
  • книга

Napravete igracka za deca - kojnce - potrebni materijali

Инструкции:

Чекор 1: Наполнете го чорапот

Земете го памукот или некој друг материјал за полнење перници или плишани играчки и наполнете го чорапот.

igracka za deca - kojnce - napolnete go corapot

Ставете што е можно повеќе материја за полнење додека чорапот не биде полн и мек.

igracka za deca - kojnce - napolnete go corapot

Потоа, стиснете го чорапот за еднакво да се распредели материјалот за полнење.

igracka za deca - kojnce - napolnete go corapot

Чекор 2: Закачете го стапот на чорапот

Дрвениот стап можете да земете од стара метла или некоја права гранка. Должината вие ќе ја одредите како што ви одговара. Обично треба да биде долг колку висината на детето.

Пикнете го стапот во чорапот додека врвот не ја достигне петата од чорапот.

igracka za deca - kojnce - zakacete go stapot na corapot

Чекор 3: Прицврстете во стапот и чорапот

Со тенкото јаже убаво врзете ги чорапот и стапот. Најпрвин врзете дупол јазол и едниот крај од јажето виткајте го повеќе пати околу стапот, па на крај повторно врзете дупол јазол. Доколку е потребно сошијте ги и со игла и конец.

igracka za deca - kojnce - pricvrstete go stapot i corapot

igracka za deca - kojnce - pricvrstete go stapot i corapot

Чекор 4: Главата на коњот

За да му направите лице на играчката – коњот направете очи од копчиња. Земете го малото кафено копче и ставете го врз големото бело копче.

igracka za deca - kojnce - glavata na konjot

Со игла и конец сошијте ги копчињата (очите на коњот) на чорапот. Позицијата на очите треба да биде помеѓу прстите и петата на чорапот, но поблизу до петата.

igracka za deca - kojnce - glavata na konjot

Сошијте ги и другите две копчиња на другата страна од чорапот. За играчката да изгледа добро внимавајте двете очи да бидат симетрично сошиени.

igracka za deca - kojnce - glavata na konjot

igracka za deca - kojnce - glavata na konjot

Чекор 5 Направете уши

За да направите уши за коњот – играчка исечете две еднакви парчиња од кафениот материјал во форма како на сликата подолу. Можете да додадете уште една помала форма од посветол материјал за да добиете поубав ефект.

igracka za deca - kojnce - usi na konjot

Долниот дел од увото превиткајте го на половина.

igracka za deca - kojnce - usi na konjot

Поставете го материјалот на петата од чорапата и сошијте го со игла и конец. Истото направете го и со другиот материјал на другата страна од петата на чорапот.

igracka za deca - kojnce - usi na konjot

Главата на коњот – играчка треба да изгледа нешто како на сликата.

igracka za deca - kojnce - usi na konjot

igracka za deca - kojnce - ustata na konjot

Чекор 6: Устата на коњот

Протнете го конецот во иглата и врзете го неколку пати за да направите јазол. Потоа протнете ја иглата од десната страна на чорапата кај прстите кон левата страна.

igracka za deca - kojnce - ustata na konjot

Од левата страна со иглата и конецот цврсто поминете низ средината од чорапот за да стигнете на десната страна и добро сошијте кај отворот на десната страна за да добиете форма на уста.

igracka za deca - kojnce - ustata na konjot

igracka za deca - kojnce - ustata na konjot

Чекор 7: Коса за коњот – играчка

Земете книга со дебели корици и почнете да ја виткате волната околу книгата.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Престанете со виткање откако ќе измерите дека волната е доволно долга за да го прекрие задниот дел на коњот од ушите до долниот дел.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Сега, пресечете парче од волната и заврзете го на свитканата волна на почетокот.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Едниот крај од парчето волна протнете го од внатрешната страна, а другото од надворешната страна на свитканата волна и добро врзете ги двата краеви. Истото повторете го и откако ќе ја свртите книгата на другата страна.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Внимателно со ножички пресечете ја свитканата волна по краевите.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Сега, потребно е за секој крај од волната за врзете дупол јазол на средината.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Полесно е доколку завршените (врзаните врвки) ги префрлате на еден крај за да не се помешаат со останатите – незавршените врвци.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Откако ќе ги врзете сите врвци, внимателно тргнете ја книгата бидејќи под неа се наоѓа другиот дел од волната кој можете да го искористите доколку правете уште еден коњ – играчка.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Поставете ја гривата направена од волна врз главата на коњот.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Сошијте ја за да биде зацврстена за чорапот.

igracka za deca - kojnce - grivata na konjot

Чекор 8: Узда на коњот – играчка

За крај остана уште да ставете узда на коњот за играчката за вашето дете да биде готова. Земете ја дебелата врвца и превиткајте ја на половина. Ставете ја на средината помеѓу петата и прстите на чорапот.

igracka za deca - kojnce - uzda na konjot

Направете јазол одоздола.

igracka za deca - kojnce - uzda na konjot

Сошијте го јазолот за да не се поместува.

igracka za deca - kojnce - uzda na konjot

Двата краја на врвцата залепете ги со селотејп.

igracka za deca - kojnce - uzda na konjot

igracka za deca - kojnce - uzda na konjot

Коњот – играчка за вашето дете е готов. Останува да направете патека за тркање и пуштете го детето да јава. Можете да направите неколку коњи – играчки за другарчињата и оставете ги да се забавуваат!!!

Napravete igracka za deca - kojnce

Napravete igracka za deca - kojnce

Napravete igracka za deca - kojnce