Почетна / Декорација / Направете природна вазна од ананас

Направете природна вазна од ананас

Vazna od ananas

Ананасот има дебела кора која можете да ја искористите во вашите направи сам проекти. Во овој пост ви даваме детални инструкции како да направите природна вазна од кората на ананасот.

Што ви е потребно:

  • ананас
  • цвеќиња (по ваш избор)
  • нож
  • даска за сечење
  • лажица
  • гладни луѓе кои ќе го изедат ананасот 🙂

Vazna od ananas

Инструкции:

  1. Исечете го горниот дел од ананасот;
  2. Со остар нож внимателно исечете ја внатрешната страна на ананасот, оставајќи околу 2.5 см простор до кората. Потоа исечете го внатрешниот дел на ананасот на 4 дела за да ви биде полесно да ја извадите содржината;
  3. Со лажица извадете го целиот ананас за да ви остане само кората;
  4. На крај аранжирајте ги цвеќињата во вашата нова природна вазна од ананас.

Vazna od ananas

Vazna od ananas

Vazna od ananas

Vazna od ananas

Vazna od ananas