Почетна / Дом и градина / Направете ѕид – табла за пишување со креда

Направете ѕид – табла за пишување со креда

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda

Наместо класични тапети можете да добиете интересна и уникатна ѕидна декорација која може да се менува со едно движење на сунѓерот. Оваа боја за ѕид можете да ја искористите за било која соба во вашиот дом.

Пуштете ја својата имагинација и пронајдете и други површини во домот кои може да послужат како табла, а ние ке ви дадеме упатство како да ја нaправите подлогата (бојата).

Што ви е потребно:

  • 250мл мат акрилна или латекс боја за дрво или ѕид (боја по ваша желба)
  • 30г средство за фугирање
  • Сад за мешање
  • Четка за фарбање
  • Хартија за шмирглање (гранулација 150)

Чекор 1:

Пред фарбањето сите површини треба да бидат чисти и суви. Избришете ја прашината со крпа и санирајте ги оштетените површини.

Чекор 2:

Мешајте ја бојата и смесата за фугирање се додека смесата не биде без грутчиња. Фарбата брзо ќе почне да се суши затоа не мешајте многу материјал за поголеми површини.

Чекор 3:

Со четка нанесете ја одбраната фарба и оставете ја да се исуши.

Чекор 4:

Кога бојата ке се исуши изшмирглајте ја површината.

Табла за пишување со креда во детската соба

Децата се супер креативни, тие сакаат да цртаат и бојат и често тоа го прават директно на ѕидовите. Затоа направете им цел ѕид како табла за пишување со креда и оставете ги да се забавуваат во нивното креативно катче.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - detska soba

Табла за пишување со креда во дневната соба

Ѕид обоен со црна боја во дневната соба може да биде интересен и несекојдневен и на него ќе можете да пишувате разни мотивациски пораки или да нацртате цертежи со различни мотиви.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - dnevna soba

Табла за пишување со креда во трпезариска соба

Во трпезариската соба, на црниот ѕид можете да го напишете дневното мени за ручек, мотивациски пораки или доколку имате смисла за цртање можете да нацртате некој елементи од кујната, храна или чаша/шише пијалок.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - trpezarija

Табла за пишување со креда во спалната соба

Можете да ја нацртате рамката на креветот или да пишувате љубовни пораки на вашиот партнер.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - spalna soba

Табла за пишување со креда во кујната

Голема примена има и во кујната посебно ако истата е бела, па црниот ѕид ќе даде убав контраст. Можете да пишувате листа за пазарење или разни пораки кои обично ги закачувате на фрижидер со магнет.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - kujna

Табла за пишување со креда во работната соба

Во работната соба може да исцртате календар, да пишувате потсетници или мотивациски пораки за олеснување на вашата работа и подобра организација.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - rabotna soba

Табла за пишување со креда во бањата (WC)

Доста неконвенционална идеја е да користите боја за ѕид како табла за пишување во бањата, но мора да признаете дека е оригинална и изгледа интересно и креативно. Можете да ја искористите таблата за пишување така што ќе ги испишете имињата на членовите од семејството под закачалките за пешкири или да му направите рамка на огледалото.

Napravete zid - tabla za pisuvanje so kreda - banja, wc