Почетна / Декорација / Огледало направено со играчки за деца

Огледало направено со играчки за деца

Направи сам - Огледало направено со коли играчки за деца | Napravi sam - Ogledalo napraveno so koli igracki za deca

Вашите деца пораснаа и едноставно не знаете што да им правете на стотиците ситни играчки кои сте ги купувале во текот на годините. Во тој случај дали ви се допаѓа оваа идеја како повторно да ги искористите играчките на вашите деца?

Што ви е потребно:

  • колички – играчки за деца
  • огледало
  • спреј
  • силиконски пиштол

Инструкции:

  1. Со спреј во боја по ваш избор обојте ги сите мали колички;
  2. Количките (играчки за деца) треба да бидат во горе-доле исти димензии за да огледалото изгледа симетрично;
  3. Подредете ги во круг околу огледалото сите играчки едно до друго и откако ќе бидете задоволни со изгледот залепете ги со силиконски пиштол;
  4. закачете го на ѕид вашето ново уникатно огледало со искористени стари играчки – колички од вашето дете.