Почетна / Дом и градина / Организација на просторот што ќе го олесни вашиот живот

Организација на просторот што ќе го олесни вашиот живот

Napravi sam - Organizacija na prostorot sto ke go olesni vasiot zivot

Добрата организација на просторот во кој живеете може, во голема мера да го разубави вашиот дом, но и да го олесни вашиот секојдневен живот. Најважно е работите кои ги користите секојдневно да си бидат на место, да не ви пречат и лесно да можете да ги најдете.

Навистина нема потреба да трошите илјадници денари за чување и организирање  на вашите ствари бидејќи можете да ја искористите вашата имагинација и креативност да направите едноставни, ниско буџетни решенија за подобра организација на просторот.

Постојат многу начини како да направите брилијантни изуми за складирање на стварите кои во голема мера ќе го олеснат вашиот живот без да потрошите премногу време и пари на нив. Ние сме тука да ви дадеме доза на инспирација со сликите кои можете да ги видите подолу, а вие доколку имате нови идеи и ваши сопствени изуми можете да ги фотографирате и да ги постирате во коментарите најдолу или на социјалните мрежи како Инстаграм користејќи го хаштагот #НаправиСам.

1. Шарени дрвени сандаци или гајби за складирање на чевли

Обојте ги старите дрвени сандаци или гајби и закачете ги на ѕидот. Ова е одлична идеа како да ги складирате вашите чевли а воедно и да воведете ведрина и бои во вашиот дом. Одозгора можете да поставите некоја дополнителна декорација, како вазна со цвеќе или рамки за слики.

Napravi sam - Sareni drveni sandaci ili gajbi za skladiranje na cevli

2. Цевки за лесна организација на фиоките или за складирање на чевли

Измерете ја длабочината на фиоката и исечете ги цевките за да можат лесно да се подредат во фиоката за лесно организирање на вашите марами, каиши, вратоврски и други акцесоари. Доколку цевките сакате да ги користите за складирање на чевлите треба да бидат нешто подолги за да можат истите да ги соберат. Откако ќе ги исечете закажете ги една до друга на ѕидот.

Napravi sam - Cevki za lesna organizacija na fiokite ili za skladiranje na cevli

3. Држач за накит направен од некористени акцесоари од бањата

Зошто да ги фрлате некористените акцесоари од бањата кога можете истите да ги користите како држач за чување на накит.

Napravi sam - Drzac za nakit napraven od nekoristeni akcesoari od banjata

4. Организатор за чевли како место за чување на вашите шминки

Некој од вас можеби имаат ваков организатор за чевли, па доколку исиот не го користите за чување на чевлите, а имате многу шминка која неуредно ви е расфрлана во некоја кутија можете да го искористите за чување на шминка и лакови за нокти. Закачете го на некоја закачалка на вратата или во плакарот и наредете ги ги вашите шминки.

Napravi sam - Organizator na cevli kako mesto za cuvanje na vasite sminki

5. Метални канти за чување на ситните играчки од вапите деца

Ситните играчки на децата може да заземат многу простор и домот да ви изгледа навистина неуредно. Затоа искористите ги металните канти за да ги чувате играчките на вашите деца. Екитирањето на кантите навистина ќе ви помогне во тоа да знаете која играчка каде треба да седи.

Napravi sam - Metalni kanti za cuvanje na sitnite igracki na vasite deca

6. Стара скала како организатоа во спалната соба

Старите скали не треба веднаш да ги фрлате во ѓубре. Лесно можете да ја искористите во спалната соба за складирање на чевлите и торбите.

Napravi sam - Stara skala kako organizator na cevlite vo spalnata

7. Клуб маса направена од гајби

Постојат многу начини како да ги искористите старите гајби и палети за да направите корисни работи во домот како маси, столчиња, гарнитури… Гајбите добро истругајте ги, офарбајте ги и поставете ги во форма на коцка за да добиете одлична клуб маса. Одозгора можете да ставите и стакло, а во страничните отвори можете да чувате книги или други ситни ствари и декориации.

Napravi sam - Klub masa napravena of gajbi

8. Врзете ги марамите на закачалка за алишта

Одличен пример како да ги чувате вашите шалеви и марами.

Napravi sam - Vrzete gi maramite na zakacalka za alista

9. Креативна и декоративна направи сам закачалка за алишта и кондури

Napravi sam - Kreativna i dekorativna napravi sam zakacalka za alista i konduri

10. Уреден и практичен плакар за чување на алишта, кондури, ташни и акцесоари

Napravi sam - Ureden i prakticen plakar za cuvanje na alista, konduri, tasni i akcesoari

11. Закачалки од завесата од бањата за подобро организирање на фармерките во плакарот

Napravi sam - Zakacalki od zavesata od banjata za podobro organizirawe na farmerkite vo plakarot

12. Кутии за складирање на кондурите со залепена слика од секоја кондура

На овој начин точно ќе знаете во која кутија се наоѓаат кондурите кои ги барате.

Napravi sam - Kutii za skladiranje na kondurite so zalepena slika od sekoja kondura

13. Плакар за складирање на кондури со посебни закачалки за чување на чизмите

Доколку сте од оние девојки кои имаат голем број на кондури сигурно ќе ви биде потребен еден ваков плакар за да можете да ги сместите сите на едно место и да имате убав преглед на сите кондури кои ви стојат на располагање. На сликата можете да видите интересен начин на чување на високите чизми со закачалка.

Napravi sam - Plakar za skladiranje na konduri so posebni zakacalki za cuvanje na cizmite

14. Како да ги чувате торбите во вашиот плакар

Napravi sam - Kako da gi cuvate torbite vo vasiot plakar

15. Ставете симбол на секоја од фиоките за да сугерирате што се крие позади нив

Napravi sam - Stavete simbol na sekoja od fiokite za da sugerirate sto se krie pozadi niv

16. Редете ги маиците вертикално во фиоката за да имате повеќе простор и послесно да ја најдете маицата која сакате да ја носите

Napravi sam - Redete gi maicite vertikalno vo fiokata za da imate poveke prostor i posleno da ja najdete maicata koja sakate da ja nosite