Почетна / Забава / Оригами кутија за подарок во форма на пирамида

Оригами кутија за подарок во форма на пирамида

Направи сам - Кутија за подарок во форма на пирамида | Napravi sam - Kutija za podarok vo forma na piramida

Потребно ви е да направите кутија за подарок – еве како да направите една во форма на пирамида. За што да ја користите? – Како подарок во кој можете да ставите бонбончиња, мал подарок како ланче или привезок, порака или било што друго што би ви текнало. Битно кога подарувате направете го тоа со стил.

Што ви е потребно:

  • хартија
  • телмплејт – подготовка за принт која можете да ја симнете од тука
  • ножички
  • сатенска лента за врзување
  • дупчалка

Инструкции како да направите кутија за подарок | Instrukcii kako da napravite kutija za podarok

Инструкции:

  1. Симнете го бесплатниот темплејт и испринтајте го на поцврста хартија;
  2. Исечете ја формата по одбележаните линии;
  3. Под врвовите на секој од тријаголниците направете дупчиња со дупчалката за да можете потоа да ја врзите пирамидата со сатенската лента;
  4. Превиткајте ја хартијата по одбележаните линии и спојте ја во форма на приамида;
  5. На крај врзете ја оригами пирамидата со сатенската лента.

Направи сам - Кутија за подарок во форма на пирамида | Napravi sam - Kutija za podarok vo forma na piramida