Почетна / Декорација / Оригами пеперутка | Ѕидна декорација

Оригами пеперутка | Ѕидна декорација

Zidna dekoracija so origami peperutki

Ако сакате да пополните некој ѕид во домот со интересна слика или декорација, обидете се да ја направите сами. Едноставно е, брзо, а уникатно.

Најпрвин, направете оригами пеперутка следејќи го туторијалот пододолу, а потоа разгледајте ја галеријата со слики и одлучете каква ѕидна декорација ќе направите во вашиот дом. Секако за да изгледа сето тоа убаво потребни ви се многу пеперутки, но за среќа постапката за правење на оригами пеперутка е многу едноставна и се прави само во 10 чекори.

Origami peperutka

За да наравите оригами пеперутка потребно ви е само хартија. Хартијата треба да биде во коцка и можете да употребите било која боја која ќе ви одговара на елементите во собата. Големината на пеперутката ќе зависи од големината на коцката, а за вашиот проект – ѕидна декорација можете да направите пеперуги во повеќе големини.

Коцката хартија превиткајте ја на половина и потоа на уште една половина од другата страна. Треба да добиете четири мали коцки како на сликата.

Origami peperutka

Коцката свиткајте ја на половина и ќошевите превиткајте ги на половина за да добиете форма на триаголник. Одвиткајте ја хартијата. Хоризонталните линии на коцката со прстите бутнете ги нанапред и притиснете ја хартијата за повторно да добиете форма на триаголник.

Origami peperutka

Земете го краевите на триаголникот и превиткајте ги нагоре кон врвот на триаголникот по вертикалната линија.Повторете ја постапката и за другиот крај на тријаголникот. Триаголникот свртете го на другата страна.

Origami peperutka

Врвот на триаголникот превиткајте го така што врвот треба да ја премине хоризонталната страна на хипотенузата (црната линија на сликата) и остатокот од врвот превиткајте го.

Origami peperutka

Вака треба да изгледа пеперутката од двете страни. На крај, свиткајте ја пеперутката по вертикалната страна.

Origami peperutka

Крајниот резултат треба да биде како на сликата.

Origami peperutka

Погледнете ја нашата галерија со слики кои ќе ви послужат како инспирација како да направите ѕидна декорација со овие оригами пеперутки.