Почетна / Рецепти / Печен компир на 4 начини

Печен компир на 4 начини

pecen-kompir-4-nacini

Печениот компир може да биде едноставен прилог во главното јадење или можете да го претворите во главен оброк со тоа што ќе го наполните со што и да ви падне на памет (кашкавал, моцарела, сланина, кромид, печурки, салама, зеленчук…). Во овој видео рецепт ќе ви покажеме само 4 начини како можете да направите полнет печен компир, а вие искористете ја имагинацијата и направете го по ваш вкус и желба.

Потребни состојки:

  • компири
  • зачини
  • додатоци по желба (кашкавал, моцарела, сланина, кромид, печурки, салама, зеленчук…)
  • алуминиумска фолија

Начин на подготовка:

Компирите добро измијте ги ги и ставете ги на тавче за печење. Зачинете ги со сол и бибер и масло за јадење и покријте ги со алуминиумска фолија. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат 60 минути.

По 60 минути извадете ги од рерна, исечете ги на средина и наполнете ги со намирници по ваша желба. Потоа, секој компир посебно завиткајте го во алуминиумска фолија и печете ги уште 10 минути.

Добар апетит!!!