Љубителите на вино обично знаат колку дрвени вински тапи можат да ги соберат низ годините, па ако веќе сте започнале со собирање на вински тапи овој направи сам проект е вистинскиот за вас. Дрвените вински тапи многу лесно се сечат и имаат прекрасен рустикален изглед. Со нив можете да направите интересни и уникатни рачни изработки.
Ние во прилог ви претставуваме како на едноставен начин да направите подметачи за маса направени од дрвени вински тапи.
Потребни материјали:
- околу 50 вински тапи – За да ги обезбедите винските тапи од 50 шишиња вино имате неколку опции (а) пијте многу вино, (б) побарајте од локалните ресторани или (в) купите ги онлајн
- нож
- силиконски пиштол
Инструкции:
- Исечете мали крукчиња од дрвените вински тапи (колку 5-6 парчиња треба да ви искочат од една тапа). Сите парчиња треба да бидат слични во големина за да можете подоцна лесно да ги лепите и да можете да ставате предмети врз нив. Сепак, убаво е да има малку контраст во големината, затоа не се грижете премногу тапите да бидат еднакви во големина.
- Наместете ги исечените парчиња тапа во форма каква што ќе ви се допадне и започнете да ги лепите една до друга со силиконскиот лепак. Не заборавајте да ставите некаква подлога за да не ја оштетите работната површина.