Почетна / Рецепти / Пијалоци / Посни тестенини во сос од авокадо

Посни тестенини во сос од авокадо

Потребно ви е:

  • 2 зрели авокада
  • 1 пакување посни шпагети (внимавајте на ознаките и составот)
  • шери домати
  • 10-12 маслинки
  • 2-3 чешниња лук
  • сол и др. зачини по желба
  • зелен лимун (лајм)
  • масло за јадење (по желба)

Начин на подготовка:

Исчистете ги двете парчиња авокадо од семките и ставете ги во блендер заедно со маслинките, лукот, зачините, сок од еден лајм и масло за јадење. Доколку постите без зејтин, не морате да додавате масло за јадење.

Шери доматите пресечете ги на половина и ставете ги да се подзапржат во загреана тава.

Сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката, прецедете ги и додека се топли измешајте ги со подготвеното песто од авокадо и маслинки и додадете ги потпржените шери домати.

Послужете додека е топло.

Добар апетит 🙂