Почетна / Рецепти / Потпечени залчиња леб со сланина и сирење

Потпечени залчиња леб со сланина и сирење

Направи Сам Рецепт - Потпечен леб на коцки полнет со сирење и сланина и премашкан со намаз од магдонос и лук | Napravi sam Recept - Potpecen leb na kocki so slanina i kaskaval premackan so namaz od magdonos i luk

Вкусни потпечени залчиња леб полнети со сирење и сланина и премачкани со намаз од путер, магдонос и лук. Звучи вкусно? Еве го и рецептот…

Потребни состојки:

  • леб
  • 250 гр. камберг сирење
  • 150 гр. сланина
  • 75 гр. путер
  • 10 гр. магдонос
  • 2 чешниња лук

Начин на подготовка:

Исечкајте го лебот по должина и по ширина, но без да ја сечете долната кора. На тој начин ќе остане лебот како целина, но ќе биде исечкан на коцкички.

Камберг сирењето исечете го на тенки ленти и по должина наполнете ги празнините во лебот. Одозгора попрскајте со сецкана пржена сланина и премачкајте го лепчето со намаз од растопен путер, лук и магдонос. Печете 20 минути во загреана рерна на 180 С°.

Добар апетит!!!