Почетна / Дом и градина / Направи сам: Потпирач за кревет од книги

Направи сам: Потпирач за кревет од книги

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Ова е навистина интересен начин како да ги прикажете старите книги на еден уникатен начин. Доколку решите да го започнете овој направи сам проект во вашата спална соба веруваме дека истата ќе добие комплетно освежување и сосема нов изглед.

Потребни материјали:

  • стари книги
  • дрвена плоча
  • чекан
  • шајќи

Инструкции:

За овој направи сам проект ќе ви бидат потребни многу книги. Можете да користите некој стари книги кои ги имате дома или да купите евтини книги од улични антикварници за книги. Кога ќе ги бирате книгите треба да внимавате истите да бидат со приближно иста дебелина и големина и да имаат дебели коритци.

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Набавете парче дрво (шперт плоча) со ширина колку рамката на креветот и висина по ваша желба и замисла (најдобро е да пресметате во зависност од бројот и дмензиите на книгите кои ќе ги користите). Дрвото потпрете го на креветот и со молив одбележете 1 см над душекот на креветот.

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Сега, дрвената плоча ставете ја на земја и почнете да ги редите книгите за да видите како би изгледал финалниот продукт. Нормално, во еден ред треба да ви бидат книги со иста висина и тие треба само неколку сантиметри да излегуваат надвор од дрвената даска.

Одкако книгите ќе ги подредите на начин кој вас ви се допаѓа добра идеја е да ги одбележите со реден број за потоа да знаете која книга на кое место доаѓа.

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Сега ќе почнете да ги заковувате книгите на дрвената даска. Отворете ја книгата на средина и заковајте ја со четири шајќи – по две на секоја од страните. Оставете 4 страни од книгата не заковани и истите ќе ги залепите со лепило по 2 на двете страни од книгата за да не се познаваат шајќите.

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Постапката повторете ја за сите книги и на крај поставете ја дрвената табла на место – како потпирач на креветот. За ова дефинитивно ќе ви бидат потребни двајца луѓе.

Направи сам - Потпирач за кревет направен од книги во спална соба

Уживајте во вашата креација 🙂