Почетна / Мода и убавина / Рачно испринтан цветен дизајн на фармерки

Рачно испринтан цветен дизајн на фармерки

Cvetni printani farmerki

Светски познатите брендови во своите најнови колекции веќе ги презентираа и пуштија во продажба најновите модели на шарени фармерки, а славните девојки не чекаа многу да се појават во истите.

Стилистите препорачуваат да ги носите со еднобојни џемпери со едноставен крој и чевли со не многу висока штикла. Ние ви препорачуваме да си направите сами тренди фармерки со цветен дизајн.

Што ви е потребно:

  • пар бели фармерки
  • боја за фарбање по избор
  • сунѓер
  • цветен дизајн – кликнете тука за да го симнете
  • скалпер и ножици

Cvetni printanii farmerki (2)

Чекор 1:

Симнете го и испринтајте го цветниот дизајн. Ви препорачуваме да го испринтате на подебела хартија бидејќи обичната хартија лесно се витка и може да се распадне од бојата. Со скалпер внимателно истечете го дизајнот од внатре, а со ножиците исечете околу дизајнот за да биде полесно за нанесување на принтот.

Cvetni printani farmerki

Чекор 2:

Фармерките постелете ги на рамна површина и пред да почнете да нанесувате боја испланирајте како ќе го поставите дизајнот за да ја поминете целата површина на фармерките. (При нанесување на бојата внимавајте дизајнот да го поставувате во еден правец бидејќи истиот има предна и задна страна)

Cvetni printani farmerki

Чекор 3:

Истурете малку од бојата за фарбање во мал сад. Добра идеја е да ја тестирате бојата на некаква ткаенина да знаете како ќе изгледа пред да започнете со боење на фармерките.

Cvetni printani farmerki

Чекор 4:

Дизајнот поставете го на фармерките и цврсто држете го додека во отворите нанесувате од бојата со сунѓерчето.

Cvetni printani farmerki

Чекор 5:

Откако ќе ја избоите предната страна на фармерките оставете ги неколку часа добро да се исушат пред да ги превртете и офарбате на другата страна.

Чекор 6:

Откако ќе завршите со фарбање на фармерките од двете страни почекајте околу 72 часа пред да ги облечете или пред да ги перете. Пред перење превртете ги наопаку за да се избегне бојата од фармерките да избледе. Со текот на перењето бојата малку ќе избледе.

Cvetni printani farmerki