Почетна / Декорација / Рамка со цветна уметност направена со спреј

Рамка со цветна уметност направена со спреј

Направи сам - Цветна уметност во рамка за слика направена со листови или цвеќиња и спреј во боја | Napravi sam - Cvetna umetnost vo ramka napravena so cvezo cvekje ili listovi i sprej vo boja

Ефтино, уникатно и многу лесно – ова е совршен опис за овој направи сам проект кој ќе биде одлична декорација на вашиот ѕид во домот и ќе изгледа како вистинско уметничко дело. 

Потребни материјали:

  • гранка со листови или некакво цвеќе
  • платно за сликање или подебела хартија која можете потоа да ја урамите
  • спреј во боја

Направи сам Потребни материјали - Цвеќе или листови од гранка, спреј во боја и платно за цртање | Napravi sam Potrebni materijali - Cvekje ili listovi od granka, sprej vo boja i platno za crtanje

Инструкции:

Поставете го платното за сликање или хартијата на рамна површина. Најдобро е овој направи сам проект да го правите надвор или да ставите стари весници на работната површина за да не ја оштетите.

Испрскајте ги листовите или цветовите со спреј во боја на платното за цртање | Isprskajte gi listovite ili cvetovite so sprej vo boja na platnoto za crtanje

Потоа, на платното/хартијата ставете ја гранката со листови или цвеќето и испрскајте со спреј во боја по ваш избор. Вашето ново уметничко дело урамете го и закачете го на зид.

Конечен резултат - Цветна уметност во рамка за слика | Konecen rezultat - cvetna umetnost vo ramka za slika