Почетна / Рецепти / Рецепт за маршмелоу

Рецепт за маршмелоу

Направи сам рецепти - Маршмелоу | Napravi sam Recepti - Marsmelou

Американците ги јадат како тост со бисквити и топено чоколадо, а најдобри се во комбинација со топло чоколадо. Во филмовите често ги среќаваме и како ги потпекуваат на оган во камп. За жал, кај нас во маркетите сеуште ги нема овие слатки и вкусни маршмелоу колачињата. Затоа во продолжение ви даваме рецепт како можете да ги направите.

Што ви е потребно:

  • 2 1/2 лажички желатин
  • 1 1/2 шолји шеќер
  • 1 шолја сируп од пченка
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • шеќер во прав

Направи сам рецепти - Маршмелоу | Napravi sam Recepti - Marsmelou

Начин на подготовка:

Во сад за матење ставете пола чаша вода и желатинот. Со миксер мешајте додека не се соединат водата и желатинот. Оставете да отстои 30 минути. Во тенџере ставете ги шеќерот, сирупот, солта и 1 1/2 чаша вода. Тенџерето ставете го на слаб оган и мешајте со дрвена лажица додека не се стопи шеќерот. Навлажнете ја лажицата со вода и соберете ги кристалите од шеќер кои ќе се направат од страните на тенџерето. Ставете кујнски термометар во тенеџерето и кога сирупот ќе достигне температура од 117 степени Целзиусови, тргнете го тенџерето од оган. Додека го правите ова, никако не мешајте. Сирупот полека сипувајте го во смесата со желатин, при тоа мешајќи со миксер на најмала брзина. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса. Додајте ја ванилата и измешајте со лажица. Во тавче за печење ставете подебел слој шеќер во прав. Овде ставете ја смесата и одозгора пак ставете шеќер во прав. Оставете да се исуши целата смеса. Со тркалезни калапи направете парчиња во форма на маршмелоу.