Почетна / Мода и убавина / Сами направете си влажни марамици

Сами направете си влажни марамици

Направи сам - Домашни влажни марамици | Napravi sam - Domasni vlazni maramici

Сигурно веќе знаете дека користите и бенефициите од влажните марамици се големи. Освен основната примена – за бришење на бебешки газиња постојат и многу други алтернативни примени на влажните марамици.

Иако влажните марамици навистина не се скапи да ги купите, сепак за да бидете сигурни дека состојките од кои се направени се 100% природни и не штетни за вашето лице и кожа во следното виде ќе ви покажеме како можете да си направите сами дома влажни марамици.

Што ви е потребно:

  • бришачи за раце
  • нож
  • пластичен сад
  • оцет
  • вода
  • алкохол
  • средство за миење садови
  • есенцијално масло (опционално)
  • пластичен сад со пластичен капак

Инструкции:

Бришачот за раце треба да биде екстра силен и повеќе слоен. Со нож исечете го на половина. Во пластичен сад ставете 100 мл оцет, 50 мл вода, 50 мл алкохол, 1 кафено лажиче средство за миење садови и 8-10 капки есенцијално масло за убаво да мирисаат влажните марамици. Во пластичниот сад ставете ја половината од бришачот. Пластичниот капак исечете го во фома на крст. Истурете ја претходно подготвената телност врз хартијата и откако ќе се навлажни, повлечете го нагоре тврдиот дел од средината. Хартијата протнете ја во капакот и затворете го пластичниот сад.