Почетна / Рецепти / Стапчиња кашкавал на скара

Стапчиња кашкавал на скара

Napravi sam Recepti - Stapcinja kaskaval na skara

Лето е сезона на скара – од месо до овошје, зеленчук или сирење. Во овој денешен рецепт ќе ви дадеме идеја како да направите вкусни стапчиња кашкавал на скара кои одлично идат со меласа (или сос од сенф и мед) или доколку не сте голем фан на слатко-солен вкус можете да подотвите едноставен сос од маслиново масло, лук и оригано. 

Стапчињата кашкавал на скара се доста популарни fast-food во Бразил. Всушност, толку се популарни, што се продаваат надвор на улиците и плажите.

Потребни состојки:

  • сув кашкавал (да не се топи брзо)
  • стапчиња од ражнич или сладолед

Начин на приготовка:

  1. Исечете парчиња кашкавал со дебелина од 2 см од сите страни;
  2. Забодете стапчиња од ражнич или сладолед по должината на парчињата кашкавал;
  3. Печете ги на скара по 2 минути од сите страни или додека не забележете линии на кашкавалот од скарата;

Napravi sam Recepti - Stapcinja kaskaval na skara

Napravi sam Recepti - Stapcinja kaskaval na skara

Добар апетит!!!