Почетна / Забава / Свадбени балони за идната невеста | Игра

Свадбени балони за идната невеста | Игра

Направи сам Свадба - Свадбени балони за идната невеста за венчавка

Постојат повеќе свадбени обичаи од различни краеви како наше посебно културно богатство. Секако, секоја невеста одлучува кои обичаи и на кој начин истите ќе ги прави. Едни од поинтересните обичаи пред денот на венчавката се:

  • замесување лепче за среќа на младите од немажено девојче од женска страна.
  • китење на куќите на младите пред свадбата со поставување венец на надворешната врата кој ќе стои цела година, како знак дека таа фамилија правела свадба.

Вообичаено, овие два обичаи се прават во исти ден, при што идната невеста ги повикува своите другарки да и помогнат во украсувањето на домот, а воедно замесуваат лепче и го поставуваат венецот на вратата. Ваквиот обичај го поистоветуваме како еден вид на „bridal shower“ кога девојките се собираат неколку дена пред свадбата и добро се забавуваат.

За време на овој „bridal shower“ можете да се подготвите со некои интересни игри кои ќе придонесат овој ден да го направите посебен и уште по забавен. Една ваква игра е пишување на пораки за идната невеста на балон.

Потребни материјали:

  • балони
  • перманентен маркер за пишување
  • штипка
  • хелиум
  • ленти за врзување

Потребни материјали за направи сам свадбен проект - Балони за идната невеста

Инструкции:

За време на забавата секој од гостите треба да напише некаква порака за идната невеста. Балонот ќе го надувате и ќе го зацврстите со штипка за да не се испушта воздухот. Со перманентниот маркер нацртајте нешто или напипишете некоја интересна порака на балонот.

Napravi sam Svadba - svadbeni baloni za idnata nevesta za nejzinata vencavka

Издишете ги балоните и оставете ги во сигурните раце на старосватицата. Таа треба да ги сочува и на денот на свадбата повторно да ги донесе во куќата на невестата наполнети со хелиум и врзани со лента за врзување.

Направи сам Свадба - Свадбени балони за идната невеста за венчавка

Балоните се неизоставен дел на секоја забава. Истите не само што ќе го разувават и развеселат просторот и гостите, туку ќе бидат одлични за фотосесија на младите и секако одличен спомен бидејќи се направени од личности кои и се најблиски на невестата.

Направи сам Свадба - Свадбени балони за идната невеста за венчавка