Почетна / Декорација / Есенска декорација – свеќа и пченка

Есенска декорација – свеќа и пченка

Направи сам - есенска декорација свеќа во пченка | Napravi sam - esenska dekoracija sveka vo pcenka

Не ви требаат ниту пари, ниту дополнителни материјали за да направите едноставни еденски декорации кои ќе го разубават вашиот дом овој период од годината.

Потребни материјали:

  • стаклена чаша или вазна
  • зрна пченка
  • свеќа

Инструкции:

Земете некоја стаклена чаша или вазна. Битно е да биде проѕирна за да може да се гледа пченката и свеќата. За да се ослободите од мирисот кој го има пченката, најпрво можете зрната да ги ставите во вода. Покријте го дното на чашата со нив, ставете ја свеќата и истата опкружете ја со уште зрна пченка. На крај, можете дополнително да ја декорирате чашата за да изгледа поубаво.