Почетна / Рецепти / Тесто за палачинки

Тесто за палачинки

Направи сам Рецепт - Тесто за палачинки | Napravi sam Recept - testo za palacinki

Кој не сака палачинки? Тие се совршен појадок или вечера без оглед дали се благи – со џем, Нутела, банани, бисквити, шлаг… или солени – со салама, кашкавал, моцарела, поховани како пирошки…

Сите ги прават на различен начин. Некои ги сакаат потенки, други подебели (таканаречени американски палачинки), некои посни без јајца и млеко, други пак, ги сакаат полни и квалитетни.

Правењето на добри палачинки ќе зависи од состојките кои ги ставате, но секако треба да имате и квалитетно тавче за палачинки кое не се лепи. Ако сакате да го погодите точниот рецепт за совршените палачинки, следете ја оваа постапка.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 4 шолји брашно
  • ½ литри млеко
  • 100 ml кисела вода
  • 1 прстофат сол
  • 1 лажичка шеќер

Подготовка:

  1. Изматете ги јајцата, додајте им сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и матете додека не ги стопите грутките кои се прават во тестото.
  2. Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете многу густа смеса за палачинки.
  3. Додајте ја киселата вода и промешајте.
  4. Оставете ја смесата да отстои 20-ина минути, а потоа печете ги палачинките на силен оган.
  5. Наполнете ги со омилениот вкус и уживајте!

Направи сам Рецепт - Тесто за палачинки | Napravi sam Recept - testo za palacinki