Почетна / Забава / Торта од пелени

Торта од пелени

Направи сам - Торта од пелени за новородено бебе за повојница, мекици или baby shower | Napravi sam - Torta od peleni za novorodeno bebe za povojnica, mekici ili baby shower

Овие торти од пелени сигурно често ги забележувате во цвеќарите и продавниците за подароци (gift shop) и навистина се премногу интересни, несекојдневни и одличен подарок за новороденото бебенце. Најчесто се прават, односно се подаруваат за мекици, повојница или за baby shower.

Тортата од пелени се состои секако од пелени кои се украсуваат со украсна лента на неколку спратови, но можете да ги збогатите со пешкирчиња, бенкици, шишенца за млеко, цуцли, плишани играчки…

Кога ќе видите колку е лесно и едноставно да направите торта од пелени сметаме дека дефинитивно ќе пробате за следната прилика.

Потребни материјали:

  • за постолје (ролна бришачи за раце, шише вино или големо бебешко шише за млеко)
  • дебел картон
  • пенкало и ножички
  • 64 пелени (за торта на три спрата како што ја гледате на сликите)
  • 64 гумени ластичиња (за 64 пелени)
  • 3 поголеми ластици или пак врвка за врзување
  • украсна лента со дебелина од околу 5 см
  • пешкирчиња, бенкици, цуцли, шишенца за млеко, бебешки играчки, плишани играчки, декоративни украси… (ова е опционално доколку сакате тортата со пелени да изгледа побогато)

Потребни материјали за торта од пелени | Potrebni materijali za torta od peleni

Секоја пелена свиткајте ја во ролна и со гумено ластиче врзете ја. Кога ќе ги виткате пелените започнете од долниот дел па нагоре кој самолепливиот дел. Доколку во третиот спрат од тортата за пелени ставате мали пешкирчиња или бебешка облека свиткајте ги и тие во ролна (само внимавајте истите да бидат во слични димензии).

Пелени завиткани во ролна и заврзани со ластик | Peleni zavitkani vo rolna i zavrzani so lastik

За да започнете со правење на првиот спрат од тортата од пелени ролната бришачи за раце поставете ја вертикално на работната површина. Подготвените (свиткани) пелени наредете ги во круг околу ролната. Потоа наредете уште еден круг пелени, па уште еден круг за да добиете три слоеви пелени за првиот спрат. Во овој случај ќе потрошите околу 36 пелени. Прицврстете ги сите пелени со поголем ластик или врзете ги со врвца за да не се мрдаат.

Сега, првиот спрат пелени ставете го врз дебелиот картон и со молив нацртајте круг колку големината на првиот спрат од тортата. Картонот исечете го со ножички по одбележаниот круг. Ова ќе ви биде постолјето на вашата торта од пелени и ќе биде многу полесно за носење и за транспорт. Не ви препорачуваме пелените да ги залепите за картонот бидејќи целата поента на овој поклон е истите да се искористат за новороденчето.

Како да направам торта од пелени | kako da napravam tota od peleni

За средниот спрат кој ќе биде помал од првиот, ќе ви бидат потребни околу 18 пелени кои ги редите во 2 реда. Како и за првиот спрат, така и за овој обезбедете ги пелените со поголем ластик или врзете ги со врвца.

Правење торта од пелени | Pravenje torta od peleni

Третиот спрат можете да го направите со малечки пешкирчиња или пак да продолжите со редење на пелени. Доколу целата торта ја правите со пелени, за последниот (третиот) спрат од тортата ќе ви бидат потребни 10 пелени кои ги распоредувате во еден ред. На крај, повторно обезбедете ги со поголем ластик или врзете ги со врвца.

Торта од пелени | Torta od peleni

Сега доаѓа забавниот дел: Украсувањето на тортата од пелени

Тука веќе можете слободно да ја пуштите фантазијата и да додавате разни играчки, цуцли, шишенца и други играчки и декорации. Врзете украсна лента во боја по ваш избор во зависност од полот на бебето и заврзете ја околу секоја од спратовите. Со лентата дополнително ќе ги прикриете ластичињата и врвците за да не се гледаат.

Последниот спрат за да не изгледа празен, добро би било да ставите некоја нежна плишана играчка како совршен завршеток на оваа торта од пелени.

Направи сам - Торта од пелени за новородено бебе за повојница, мекици или baby shower | Napravi sam - Torta od peleni za novorodeno bebe za povojnica, mekici ili baby shower

Ние мислиме дека секој родител би се израдувал на ваков интересен, уникатен и пред се корисен подарок за повојница, мекици или baby shower. А вие??

Направи сам - Торта од пелени за новородено бебе за повојница, мекици или baby shower | Napravi sam - Torta od peleni za novorodeno bebe za povojnica, mekici ili baby shower

Какви подароци обично носите на вакви специјални прилики и дали би се обиделе да ја направите тортата со пелени за следната прилика?